Измените на Изборниот законик и на Законот за медиуми на собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 83-седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство и од опозицијата.
Имено, со последните измени и дополнувања на Законот регулирана е исплатата на средства од Буџетот за платеното политичко рекламирање врз основа на доказ на барателот, но без можност тие докази да бидат проверени. Поради потребата од допрецизирање на овие законски одредби со Предлог законот се утврдува и начин на проверка на приложените барања за надомест на средства од Буџетот на Република Македонија, стои во образложението.
Воедно, се бришат и одредбите кои се однесуваат на обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, со оглед дека ДИК нема технички услови за да ја спроведе оваа активност. Со предложените измени за миниторингот се задолжува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. АВМУ е должна во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој законик треба да донесе Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, за време на изборните процеси и истите ги објавува на својата веб страница.
На седницата втора и последна точка за која пратениците ќе дебатираат е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.
Според образложението кон законскиот предлог, со измените се врши усогласување на рокот за усогласување на финансискиот план на МРТ со измената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од декември 2018 година и се дава одложна примена на обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси. Со членот 3 се определува и рокот за усогласување на веќе започнатото рекламирање на приватните станици и МРТ, поради веќе склучени договори за рекламирање, а и се додава уште еден нов член за одложна примена на правилата за обврските на операторите за регистрација на странски и домашни програмски сервиси.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати