Изложба „Записи 2“ на Горан Јованов во Струмица
Изложбата „Записи 2 (линија, форма, симбол)“ на младиот уметник Горан Јованов вечер, со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Публиката ќе може да погледне околу 15 графики и 12 слики, главно масло на платно, во големи формати.
- Природата, со целата своја визуелна флуидност може да се рече дека е извор на творечката инспирација на младиот уметник Јованов. Креативниот импулс во овој циклус на изложени графики, слики и цртежи, се всушност хармонични сцени на безвременски простор полн со мистичност, пишува во каталогот за изложбата Христијан Санев, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Цртежот како носечки елемент во пристапот на графичка уметност на Јованов, нагласува Санев, претставува врежан доживеан момент, кој
транспонирајќи се од скици во цртежи, а потоа и во графички лист, станува траен белег на неговото постоење.
- Варијабилноста и времетраењето кое е забележливо во делата на овој автор е само уште еден начин на современиот третман на графиката, смета Санев.
Горан Јованов е роден во 1982, во Гевгелија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности-Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на отсек графика. Јованов учествувал на повеќе групни изложби во Македонија и во странство. Имал самостојни изложби во Гевгелија, Скопје, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Белград, Струга, Охрид, Велес.
Добитник е на Признание за графика на 13-та Меѓународна изложба
на мала графика во Лож, Полска во 2008 година, а во 2009 година ја добива наградата за графика „Димче Николов“ на 56-та годишна изложба на ДЛУМ. Добил Признание за графика 8ème MONDIAL de l’ESTAMPE et de la GRAVURE ORIGINALE Triennale de Chamalières, во Франција и во 2011 година откупна награда за графика 3rd QIJIANG INTERNATIONAL PRINT FESTIVAL во Кијанг, Кина.
Од 2006 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на Друштвото на ликовни уметници Гевгелија. Член е на Мултимедиа Центар-Гевгелија, на Интернационален ликовен карван и на Друштво на уметници и љубители на уметноста „Широка стаза“.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори