Изложба за лозарството во Тиквешијата низ историјата
Во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на фотографии посветени на лозарството во Тиквешијата низ историјата. Настанот е во рамките на манифестацијата посветена на верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите.
- Ако е по нешто препознатлива Тиквешијата, односно Кавадарци како центар на тиквешкиот виногорски регион, тоа е бездруго лозарството, кое на овие простори се одгледувало уште во античкиот период. За тоа сведочат многубројните артефакти како антички стели, релјефи, мозаици, по античките локалитети во Тиквешијата, рече авторот на изложбата, историчарот Петре Камчевски.
Тој нагласи дека античките Македонци кои живееле во овој дел од Македонија со многу љубов и умешност ја негувале традицијата во одгледувањето на виновата лоза, за што сведочат бројните мозаици, луцерни и релјефи откриени на бројните локалитети во овој крај.
- Бројни претстави изработени во камен, мермер и теракота со претстави на грозје и винова лоза, денес се наоѓаат во музеите во Кавадарци и Неготино. Но уште поголем е бројот на тие што од овој крај се однесени и денес ги красат витрините на музеите во Белград, Софија, Берлин и други места, додаде Камчевски кој е директор на Кавадаречкиот музеј.
Тој потсети дека за големиот број лозови насади и за убавото тиквешко вино пишувале бројните познати светски патописци како Евлија Челебија, Ами Буе, Јохан Хан, Александар Башмаков, Николај Сурин, Јован Цвијиќ, Фран Туќан...
На изложбата во организација на музејот и општината Кавадарци, во музејот на вкусот и мирисот можат да се погледнат стотина фотографии.
Ново на Сител
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче