Македонија
20. May 2016 - 10:33

Изложба на поетски дела од македонски автори во Москва

Во Библиотеката за странска литература во Москва е отворена изложба на поетски дела од македонски автори од сите генерации, насловена  „Читај ја Македонија“, која ќе може да се посети до 26 јуни 2016 година.

Претставувањето на македонската поезија во Москва е организирано од поетесата и преведувачка Олга Панкина, а помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.

Покрај изложбата на книги, поставена е и изложба на ликовни дела со македонски мотиви на руските уметници Александар Белугин и Светлана Орлова-Соло, како и изложба на фотографии „Убавините на Македонија“ на новинарката од Прилеп Каролина Мицевска.

Изложбата на 17 мај ја отвори македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов, а за македонската поезија и нејзиниот историски тек  зборуваше академик Ристо Василевски