Македонија
27. September 2015 - 13:54

Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Триесет колекционери од повеќе градови од Македонија денеска на изложбата на олдтајмери во Кавадарци ги претставија своите автомобили.

Главниот организатор на манифестацијата кавадарчанецот Мите Ташев истакна дека е задоволен од одѕивот на изложбата што ја организира веќе четврта година.

Годинава, како што рече, времето не ни е сојузник, но денеска имаме голема посета.

- Ова е показател дека олдтајмерите кај нас се омилени и за нив се обрнува големо внимание за да бидат речиси нови и во возна состојба. Оваа голема посета зборува дека луѓето се интересираат какви биле некогаш љубимците на четири тркала. Овие возила од пред 30 и повеќе години и сега можат да се вклучат во сообраќајот што ги прави достојни за сите времиња, рече Ташев.