-->
-->
Изложба фотографии со мотиви од Кочани
-->
Со изложбата на фотографии со мотиви од Кочани поставена во Изложбениот салон на центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, синоќа свечено беше отворено 25-то издание на мегународната стопанско културна манифестација „Кочански денови на оризот“.
- Започнуваме со уметнички дела поврзани со градот на оризот, отсликани низ фотографскиот објектив, дела што во себе вградуваат живот на едно време, една фотографија-илјада зборови, илјада сеќавања, илјада отпечатоци од животот. Со овој настан што го реализираме со здружението Локална акциска група Кочани и со општина Кочани сакаме да ставиме белег од ова време, од нашево место, од нашево Кочани, рече на отварањето на изложбата Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот за култура од Кочани.
Изложените фотографии се пристигнати по објавениот конкурс со натпреваруваки карактер. Првата награда и припадна на Лилика Стрезовска, втората на Ана Атанасова, а третата на Еми Ли Стјуард. Организаторот ги повика сите што ја сакаат фотографијата да го истражуваат Кочани со својот фотоапарат, затоа што тоа овековечено на фотографија носи цела сторија во себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев