Свет
9. јуни 2018 - 21:02

Изгубената ќерка на принцезата Дајана - денес рекот кој се сеќава на ова девојче

Животот на принцезата Дајана трагично се заврши во 1997 година, кога загина во сообраќајната несреќа. Меѓутоа зад неа останаа многу тајни и озборувања, кои никогаш е излегоа на виделина.
 
Ова е нејзината „ изгубена“ ќерка на која малку кој се сеќава.
 
Аванти била девојче од Индија која Дијана ја „посвоила“ во тек на едно патувања во Индија во 92 година а Аванти  изведувала традиционален танц  за принцезата , облечена во традиционална носија.
 
За време на настанот принцезата ја земала Аванти, која тогаш имала 3 години, ја седнала во скутот и и рекла „ јас немам ќерка, но затоа ти ќе ми бидеш ќерка денеска“
 
Аванти денес има 28 години и е учителка во основно училиште и дава часови по танц. Тие со години се допишувале со принцезата.
 
Аванти кобната година кога Дајана загина во несреќата била во Британија, и требало да се види со принцезтата, но не успеала.Имала можност само да присуствува  на закопот.
 
Аванти искрено кажала дека во моментот кога ја запознала принцезата не знаела за кого се работи, но многу добро се сеќава на нејзината љубезност.