Изгоре плевна во Вратница, тетовската пожарна на враќање имала дефект на камион
Плевна изгоре вчера во пожар во тетовското село Вратница, а според пожарникарите и мештаните среќна околност при интервенцијата е што било спречено да се прошири огнот на останатите куќи што се во близина. При пожарот нема повредени луѓе, но на враќање назад пожарникарите останале без еден од камионите поради дефект.
– На враќање кон Тетово, еден од камионите ни остана на регионалниот пат Тетово-Јажинце бидејќи поради удирање во грпките му се искршија делови од системот за амортизација околу тркалата. Некако успеавме да го вратиме назад, а со оглед дека се стари камиони уште потешко беше денес да се најдат резервни делови, изјави денеска Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица.
Пожарот бил пријавен 17 часот и 41 минута, а интервенцијата траела до 20 часот.
-На интервенција заминаа три возила со седум пожарникари. Вратницата е едно од поодалечените места од нашата станица и ни требаше повеќе време. Во работата ни помогаа и жителите на Вратница, информира Ука Алити.
За тетовската пожарна ова е првиот повик за интервенција кој стигнал преку 112 службата единствениот број за итни повици 112. Инаку за повик на тетовската пожарна и понатаму може да се користи и бројот 193.
Ново на Сител
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип
-
Речиси илјада вработени во сите инспекторати немаат плата
-
Од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите, заврши новогодишната кошничка
-
ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
-
Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади