Изгаснат пожарот кај гевгелиското село Моин
Пожарот што избувна вчера во попладневните часови во месноста „Срнак“ кај селото Моин, во вечерните часови бил локализиран и изгаснат од страна на пожарникарите и шумските работници, потврдија денеска од ТППЕ Гевгелија.
Пожарот почнал од една нива кај моинскиот краварник, од спротивната страна на Конска река, но со помош на ветерот од запалената сува трева брзо се ширел на кај селото и објектот на поранешната караула кои со брза интервенција на три противпожарни возила,присутните пожарникари и шумски работници биле заштитени од огнот.
Освен сувата трева, огнот зафатил и нискостеблеста шума, најмногу прнар и до моментот на неговото гаснење се проценува дека ја изгорел вегетацијата на површина од 12 хектари.
Утрово на местото на пожарот замина екипа од Шумското стопанство од Гевгелија, која уште го набљудува опожарениот терен, но велат дека повеќе не се појавил активен оган и дека жителите на селото Моин може да бидат спокојни.
Со оглед на фактот дека пожарот почнал од нива, се претпоставува дека е причинет од човечки фактор.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола