Изгаснат пожар меѓу струмичките села Водоча и Вељуса, огнот зафатил и неколку викендички
Голем пожар избувнал денеска во Струмичко меѓу селата Водоча и Вељуса, кој поради силниот ветер и топлото време зафатил површина од околу 80 хектари и ширејќи се во сите правци зафатил и неколку викендици. Пожарникарите успеале да спасат производствени погони од опожарување.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, големиот пожар избувнал во 10:10 часот.
-Веднаш беше мобилизирана целата противпожарна единица со девет противпожарни возила и 32 пожарникари и испратени на местото. Гасењето на пожарот беше поделено на сектори со цел побрзо и поефикасно да се ликвидира. За жал, некои викендици беа зафатени од пламените јазици, но многу други вклучувајќи и производствени погони беа спасени со крајни напори, информираа струмичките пожарникари.
Пожарот бил целосно ликвидиран околу 18:30 часот.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите