Македонија
6. September 2019 - 16:50

Изгаснат е пожарот кај селото Дражево

Во пожарот кој вчера и завчера го зафати пределот меѓу селата Дражево и Старо Коњарево во општина Ново Село, Струмичко, изгореа околу 25 хектари нискостеблеста шума, овоштарници и викендичка, информираат од ТППЕ Струмица.

-На терен беа 16 пожарникари со две противпожарни и две теренски возила и сакаме јавно да им се заблагодариме на жители од селата Дражево и Старо Коњарево кои помогнаа во гаснењето на пожарот, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Инаку, во овој пожар беше повредено и едно лице, кое беше пронајдено од пожарникарите во бессознание и по укажаната помош беше префрлено во болница.