Избрани обвинители во ОЈО Гостивар, Скопје и во Струга
Советот на јавни обвинители на денешната 87-ма седница со по девет гласа „за“ ги избра Зура Селими, Александра Дамјановска - Николоска, Игор Димитровски и Валнеса Бизаки-Дилали, за јавни обвинители во основните јавни обвинителства во Гостивар, во Скопје и во Струга.
Сите кандидати ја имаат успешно завршено обуката на Академијата за судии и јавни обвинители и почнуваат со работа од 1 ноември годинава.
Во ОЈО Скопје избран е еден јавен обвинител, во ОЈО Гостивар два и во ОЈО Струга еден јавен обвинител.
На огласот за јавно обвинители во ОЈО Гостивар и ОЈО Скопје биле пријавени двајца кандидати, како и во ОЈО Струга, двајца кандидати.
Советот на денешната седница, исто така, треба да ги разгледа и годишните извештаи за работата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО-ГОК Скопје и за работата на јавните обвинителства на подрачјето на Вишото ЈО Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени