Избрани новите министри
Министерствата за здравство и информатичко општество добија нови министри од Алијанса за Албанците, од крилото на Села. Илир Демири ќе го предводи здравството на местото на Фатмир Меџити, а Наим Бајрами ќе раководи со министерството за информатичко општество како замена за Азир Алиу.
По целодневна расправа во собранието со 63 гласа беа избрани новите министри, кои дадоа и свечена заклетва.
Опозицијата во текот на целиот дел се јавуваше за збор, а најголемата дилема од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е зошто се поставуваат нови министри во техничка Влада, чија единствена цел е само да спроведе фер избори.
Додека опозицијата обвинуваше, власта молчеше. Техничкиот премиер, Талат Џафери само ги претстави на кратко новите министри- Демири како познат доктор кој сите го знаат, а Бајрами како млад и способен информатичар.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар