Македонија
4. October 2023 - 8:13

Изборот и напредувањето во правосудните институции, тема на работната група Правосудство и основни права

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на дванаесеттата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Изборот и напредувањето во правосудните институции - Преку поголема транспарентност и квалитет, до зголемување на довербата на граѓаните во правосудството“, во организација на Европското движење.

Како што е најавено, воведно обраќање ќе има Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министер за правда, а меѓу учесниците ќе бидат Милева Ѓуровска, професор, национален координатор на НКЕУ-МК, претседател на Европско движење ЕМ-МК, Мухамед ХАЛИЛИ, Амбасадор, претседател на Совет на амбасадори, Никола Тупанчески, НКЕУ-МК Експерт, Христоф Харсдорф, поранешен судија и обвинител, германски и ЕУ правен експерт, како и Ана Павловска - Данева, професор, Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фатиме Фетаи, јавен обвинител, вишо јавно обвинителство – Скопје, Дарко Аврамовски, извршен директор, коалиција „Сите за правично судење“ и Симонида Кацарска,  директорка, Институт за европска политика – Скопје.