Македонија
21. August 2015 - 16:42

ИВЗ донираше за поплавените во тетовско

Помошта за настраданите во невремето во Тетовско е собрана по повикот на поглаварот на Исламската верска заедница. Верниците донирале по завршување на две петочни молитви низ цела Македонија. 
 
Собрани се вкупно 14 тони храна и хигиенски производи. Заедно со паричните средства донацијата е со вкупна вредност од околу 90-тина илјади евра. 
 
Парична помош за поплавените преку донации на граѓаните се собрани на сметките на општина Тетово и Црвениот крст. На две сметки стигнати се вкупно над 100 илјади евра.