Loading Video...
Спорт плус
7. May 2023 - 20:02

Ивановски танцуваше на „Скопје трча 2023“

На улиците на Скопје денеска по 7 – ми пат се одржа маратонската трка Халк Еко на 10км. Најдобри на патеката македонскиот рекордер Дарио Ивановски и Бугарката Сулејман. 

На улиците на Скопје денеска се натпреваруваа повеќе од 1500 тркачи од повеќе земји а најдобро време од 30 минути и 2 секунди постигна нашиот рекордер Дарио Ивановски  пред Тирон Мамуша од Албанија кој задоцни повеќе од 2 минути додека третото место му припадна на Иван Пешовски. 

Кај дамите прва низ целта мина Билсерин Сулејман од Бугарија пред Биљана Кираџиева од Србија и Бугарката Маринела Цекова која го освои третото место. 

Трката Халк Еко пред 7 години стартуваше како локална но добива се повеќе поклоници не само од земјата туку и од странство со што прерасна во меѓународна и по втор пат е признаена од АИМС и Светска атлетика.  

Трката Халк  Еко е во организација на Сојузот на спортови на Скопје а под покровителство на АМС и насловниот спонзор Халкбанк Скопје.