Иванов-Туск: И покрај предизвиците, проширувањето на ЕУ мора да продолжи
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во Њујорк имаше средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
На средбата се разговараше за состојбата со евроинтеграцијата на Република Македонија, како и за предизвиците коишто произлегуваат од мигрантската и бегалска криза, особено безбедносниот аспект, соопшти кабинетот на Иванов.
Македонскиот претседател нагласил дека Република Македонија ќе го продолжи реформскиот процес, со цел достигнување на европските стандарди и критериуми и ќе продолжи да придонесува за регионалната соработка, во одржувањето на стабилноста и просперитетот на регионот на Југоисточна Европа.
Република Македонија, истакнал претседателот Иванов, бара еднаков и правичен однос од европското лидерство и од сите земји-членки на Европската унија и очекува да се примени позитивниот пример на паралелно движење во интеграцијата и во надминувањето на отворените билатерални прашања.
- И покрај предизвиците со кои се соочува Унијата, како и самиот процес на проширување, на Република Македонија, како и на целиот регион на Југоисточна Европа им е потребна забрзана интеграција во Европската унија, затоа што тоа е најдобриот начин за целосно консолидирање на регионот, со што пак, ќе се консолидира и Европската унија, истакнал претседателот Иванов.
Во контекст на предизвиците поврзани со мигрантската ибегалската криза, претседателот Иванов потенцира дека Република Македонија се залага за сеопшто европско решение, што ќе опфаќа заеднички критериуми за справување со мигрантската криза. Во таа насока, соговорниците констатирале дека е потребна итна координирана и синхронизирана акција на сите засегнати држави.
Македонскиот претседател истакнал дека Република Македонија ги презема сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, притоа имајќи ја предвид обврската за хуман третман на бегалците.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави