Иванов се сретна со заменик-помошник секретарот во Стејт Департментот на САД
Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со Метју Палмер, заменик-помошник секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.
Како што соопшти неговиот кабинет, Иванов изразил очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ, добрососедските односи и регионалната соработка.
- Република Македонија останува целосно посветена на исполнување на политичките критериуми за членство во НАТО и ЕУ. Процесите на интеграција се клучни за стабилноста и благосостојбата на земјата и се во интерес на целиот регион, порачал македонскиот претседател.
На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во Република Македонија, како и за тековните случувања во процесот на разговорите за надминување на разликата околу името.
Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во разговорите, но дека процесот мора да остане во рамката утврдена од страна на Обединетите нации.
На средбата со Палмер, претседателот Иванов уште еднаш ја истакнал потребата за почитување на обврските од Уставот и законите со цел информирање за текот на разговорите и посочил дека очекува да му биде одговорено на барањето за достава на предлог-пакетот за решавање на спорот и белешките од паралелните разговори помеѓу министрите за надворешни работи и премиерите на двете земји.
Двајцата соговорници се согласиле за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош