Иванов им го честита на граѓаните Денот на македонската револуционерна борба
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, во која истакнува дека одбележувањето на празникот е симбол на долговековниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода, државност и независност.
- Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 октомври 1893 година, кога шестемина македонски дејци ги обедини една визија за исполнување на вековниот сон – слободна Македонија. Патот до слободата беше исполнет со предизвици, но нивната сплотеност и решителност за остварување на своите идеали им даде сила да истраат пред тешкотиите. Пламенот што го разгореа револуционерите го презедоа илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и АСНОМ-ците кои го остварија стремежот за слободна македонска држава. Без 23 октомври 1893-та, не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903-та, 1944-та и 1991-та, пишува во шеститката на Иванов.
Наша должност, додава Иванов, е да им оддадеме почит на нашите борци за слобода и независност, следејќи го нивниот пат.
- Како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја историската реалност, треба да создадеме иднина за нашите потомци, пишува во честитката на претседателот на државата.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес