Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Судан, Виетнам и Индонезија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Судан, на Социјалистичка Република Виетнам и на Република Индонезија.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Судан со седиште во Софија, Илхам Ибрахим Мохамед Ахмед, е изразена волја за продлабочување на севкупните односи меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план.
- Верувам дека со Вашиот ангажман и професионално искуство ќе придонесете кон изнаоѓање нови форми за збогатување на билатералната соработка, која до овој период е незначителна и скромна, истакна претседателот Иванов.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам со седиште во Софија, Нгујен Ти Хонг Оан, претседателот Иванов изрази задоволство од воспоставените пријателски односи и соработката меѓу двете држави во сите области од заемен интерес, за што потврда е и официјалната посета на Република Македонија на потпретседателот на Виетнам, Нгујен Ти Доан, во декември 2014 година, за време на која се потпишаа и два значајни договора кои придонесоа во воспоставувањето солидна правна рамка за соработка на меѓу двете земји.
Новоименуваниот виетнамски амб
На средбата со новиот амбасадор на Република Индонезија со седиште во Софија, Сри Астари Расџид, двајцата соговорници изразиле задоволство од заемната желба за сестран развој на пријателските односи и за соработката во сите области од заемен интерес.
- Сакам да Ве уверам дека Република Македонија е подготвена за интензивирање на односите и соработката, и тоа не само на билатерален, туку и на мултилатерален план, особено во системот на Обединетите нации и Алијансата на цивилизациите, каде нашите две држави можат да дадат голем придонес, порача претседателот Иванов.
Новоименуваниот индонезиски амбасадор, Расџид изразил уверување дека во блиска иднина меѓусебното разбирање и доверба ќе резултираат со разновидна соработка особено во областа на економијата, јакнењето на трговската размена и можностите за инвестиции, образованието, туризмот и културата.
Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Одложено рочиштето за случајот на родилката од Дебар, на која по породување и биле отстранети матка, јајник и бубрег
-
Уапсен битолчанецот кој извршил обид за убиство
-
Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио
-
Судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози одложено за 5 септември
-
Зеленски побара ЕУ да го „заобиколи“ ветото на Унгарија за членство на Украина во Унијата
-
Двајца Албанци обвинети за улов на охридска пастрмка кај Свети Стефан
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители