Итната хируршка амбуланта од денеска лоцирана во Ургентниот центар во Куманово
Итната хируршка амбуланта од денеска е преселена од подрумските простории на Општата болница Куманово во Ургентниот центар. Директорот на болницата Ариф Латифи изјави дека со дислоцирањето на амбулантата ќе се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните.
Според надлежните од болницата, со овој потег се овозможуваат и подобри услови за работа и на самите здравствени работници кои претходно мораа да пружаат услуги во простории каде условите не беа на завидно ниво. Итните прегледи и пружањето на услугите од денеска ќе се врши во модерни простории. Пациентите ќе можат без да излегуваат надвор, да се поврзат и со останатите одделенија на општата болница Куманово.
- Со преселувањето сметаме дека ќе ги подигнеме на повисоко ниво здравствените услуги за пациентите од Куманово, изјави Латифи.
Итната хируршка амбуланта ќе има 24 часовно обезбедување, непосредно до амбулантата има рентген апарат, ехо амбуланта, наменета за итни случаи, над катот се лоцирани хируршките сали и одделението за реанимација.
- Мислам дека со ова се реши еден од најгорливите проблеми што го имаше Општата болница, изјави Латифи.
Началникот на одделението за хирургија Методија Димковски изјави дека се обезбедуваат одлични услови за работа. Потсети дека во подрумските простории немале добра комуникација со рентген, со лабаратории и одделнието.
- Со оваа преселување добивме подобар распоред, поголема квадратура и услови за работа, што е мошне важно за пацинтите. Очекуваме наскоро во непосредна близина и лабораторија, изјави Димковски.
Итната хируршка амбуланта ќе опстои и ќе се поврзе со новиот Ургентен центар, кој треба да се догради во продолжение на постоечкиот. Со тоа, како што сметаат надлежните, ќе стане соодветна работна единица, во која дневно здравствена заштита добиваат по 100 пациенти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“