Итна заштита на балканскиот рис, бараат екологистите

Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) оцени дека балканскиот рис заслужува итна заштита бидејќи на овој подвид на евроазискиот рис му се заканува целосно исчезнување.
Диме Меловски, раководител на проект во Македонското еколошко друштво (МЕД) на денешната прес-конференција истакна дека за овие 10 години преку Програмата за зачувување на балканскиот рис собрале адекватни податоци за да може да го проценат статусот на рисот според стандардите на IUCN.
- Увидовме дека тој статус е критично загрозен. Достигнувањето да се признае и публикува еден вид во една ваква листа е од огромно значење и за поздравување. На овој начин се дава голема видливост и публицитет на балканскиот рис. Со самото тоа што е на листата овој подвид е всушност „политички“ признат и препознаен како загрозен и сите негови понатамошни закани треба да се сузбијат, изјави Меловски.
Тој додаде дека по категоријата критично загрозен на скалата на IUCN следува катогоријата „исчезнат во дивина“ и „целосно исчезнат“.
- До пред една декада, рисот беше непознат за локалното население, а неговата појава се граничеше со мит. Соработката со многу засегнати страни, пред се ловџии ја отвори вратата кон потемелно проучување и заштита на ова животно како и на неговиот плен. Секако, следен чекор ќе биде да се доведе неговиот статус од критично загрозен во загрозен, што ќе значи да се зголеми неговата популација од сегашни 30-тина возрасни единки на над 50, изјави Ѓорѓе Иванов од Македонско еколошко друштво.
Балканскиот рис е посебен подвид на евроазискиот рис. Неговиот статус според критериумите на Меѓународната унија за заштита на природата е критично загрозен со проценети 19 до 36 возрасни единки.
„Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ е проект што се спроведува од страна на неколку невладини организации, научници и волонтери од регионот, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и од Германија, Швајцарија и Норвешка. Благодарение на проектот, во Албанија и во Косово се прогласени нови национални паркови кои во голема мерка ќе помогнат во зачувување на дивиот свет. Овие заштитени подрачја ќе треба да се носители на заштитата на флората и фауната на Балканот и пошироко и иден дом за ова загрозено животно.
Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година и делува на национално ниво. Една од главните мисии на Друштвото е зачувување на биолошката разновидност во Република Македонија.
Ново на Сител
-

„Си-Ен-Ен“: Според нецелосните проценки на Пентагон, војната против Иран досега чини околу 25 милијарди долари
-

Искршени врати, компјутери, смарт табли - Вандализирано ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, над 1.100 ученици нема да имаат настава
-

Вандализам е причината за немање на настава во најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
-

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“
-

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите во светот на ниво најниско во последните 25 години
-

Најстудено на Попова Шапка - два степени, најтопло во Струмица - 12 степени
-

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022
