Итна седница на Кризниот штаб во Србија поради Ковид-19, ситуацијата е „катастрофална“
Нова седница на српскиот Кризен штаб ќе се одржи утрово поради моменталната неповолна епидемиолошка состојба, за која главниот епидемиолог д-р Предраг Кон нагласи дека е „катастрофална“.
Во Србија вчера беше регистриран најголем број на заразени лица од почетокот на пандемијата – 6.109, а починаа 29 лица за 24 часа. На респиратори се 186 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вторникот стапија на сила нови мерки со кои се ограничи работата на угостителските објекти, продавниците, трговските центри, од 21 до 5 часот наутро, а ноќниот превоз во Белград беше укинат. Експертите велат дека ефектите од тие мерки ќе бидат видливи само за десет дена, под услов сите строго да се придржуваат до нив, покрај сите претходно донесени.
Сепак, ситуацијата се влошува од ден на ден и се пополнуваат речиси сите болнички капацитети. Најтешко е во Белград, каде што вчера почнаа да се превезуваат пациенти со Ковид-19 до Параќин.
Специјалистите за инфективни болести најчесто инсистираат на ограничување на бројот на луѓе во јавниот превоз, а единствената дилема е дали да се фиксира на максимум 25 или 30 патници, пишува Вечерње новости, пред денешната седница на Кризниот штаб.
Потенцијалната мерка, пишува весникот, повикувајќи се на извори, е дополнително скратување на работното време на трговците и угостителите до 18 часот.
Мерката што исто така ќе се разгледува денеска е дали да се зголеми растојанието на повеќе од два метра, што посебно се оденсува за клубовите и продавниците.
Кризниот штаб ќе ја разгледа и состојбата во градинките и училиштата, тврдат соговорниците.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција