-->
-->
Италијанско признание за Раниери
-->

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, е прогласен за најдобар италијански тренер оваа сезона. Информацијата ја соопшти првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Карло Телвекио, нарекувајќи го Раниери „симбол на италијанската извонредност во странство“.
Лестер, кој минатата сезона на волшебен начин се спаси од испаѓање, оваа сезона ја предводи Премиерлигата и за сензационалното освојување на титулата му се потребни 12 бодови на последните шест натпревари. Екипата која ја предводи Раниери на врвот има седум бодови повеќе од Тотенхем.
Раниери Лестер го презеде на почетокот од сезоната, а во кариерата работел во Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Рома, Интер, Монако, а краток период бил и селектор на Грција.
Наградата на Раниери ќе му биде врачена на 9. мај во Рим.
Наградата за најдобар тренер го носи името на легендарниот Енцо Беарцот, кој со Италија го освои Светското првенство во 1982 година. Беарцот почина во 2010 година, а една година подоцна Фудбалскиот сојуз на Италија започна да ја доделува наградата која го носи неговото име.
Претходни добитници на оваа награда се Чезаре Прандели (2011), Валтер Мацари (2012), Виченцо Монтела (2013), Карло Анчелоти (2014) и Масимилијано Алегри (2015).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
