Италија основа фонд со цел спречување мигранти

Италија основа фонд за помош на африкански држави за да ги зајакне границите и со тоа спречи мигранти во гумени чамци да преминуваат во Европа, изјави денеска министерот за надворешни работи Анџелино Алфано.
Тој наведе дека се работи за фонд од 200 милиони евра. Изјавата е дадена два дена пред состанокот на лидерите од ЕУ на Малта каде ќе се разговара за плановите да се запре бранот мигранти од Африка во Европа.
Лани во Италија преку Медитеранот пристигнале 181 илјада мигранти, најголем дел од Либија. Проценките се дека повеќе од 5.000 луѓе ги загубиле животите во обид да преминат во Европа.
Фондот според Алфано, е наменет за африкански држави за контрола на нивните граници и спречување на заминување луѓе. Државите може да побараат и обука и опрема за зајакнување на границите.
- Моментно Либија, Тунис и Нигер се три стратешки партнери за фондот, изјави Алфано. Следни партнери може да бидат Сенегал, Нигерија, Египет и Етиопија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
