Италија нема повторно да се затвора и покрај растот на нови случаи со Ковид-19
Италијанската Влада не размислува за повторно затворање на земјата за да го спречи ширењето на коронавирусот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанѕа, и покрај постојаниот фактот дека изминатиот месец е забележен раст на нови случаи.
Италија, една од најтешко погодените земји во Европа со над 35.000 смртни случаи, вчера соопшти за 1.071 нови случаи, првпат надминувајќи 1.000 случаи на ден, откако владата во мај ги олесни мерките за заштита.
-Нема да имаме ново затворање, рече Сперанѕа за весникот „Ла Стампа“, објаснувајќи дека сегашната состојба не може да се спореди со таа од февруари и март, кога болеста се ширеше вон контрола и беше тешко да се следат и изолираат заразените лица.
„Јас сум оптимист, иако внимателен. Нашата национална здравствена служба стана многу посилна“, рече Сперанѕа, додавајќи дека Италија во меѓувреме двојно го зголеми бројот на кревети во единиците за интензивна нега.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари