Истражување: Вакцината на Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите
– Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил.
Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави.
Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од Синовак и бараат од федералните власти итно одобрување за нејзина употреба.Државата Сао Паоло со 46 милионско население планира да почне вакцинација на 25 јануари.
Додека кинеската компанија Синофарм минатата недела објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна во околу 79 отсто од случаите.
Во Бразил од последици од новиот коронавирус починаа речиси 200.000 луѓе, со што земјата е на второ место по смртни случаи во светот, по САД, каде починаа околу 360.000 лица.
И Турција минатиот месец ја испитуваше вакцината на Синовак, при што се покажа ефикасна во над 90 проценти.
Ново на Сител
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова