Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” со уште едно лице, кое како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката го издавал под закуп на еден од претходно осомничените без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот.
Лицето, како што информираат од ЈОРСМ, е осомничено како соизвршител за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.
- Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на утрото на 16 март загинаа 63 лица, а околу двеста лица беа повредени.
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран