Истрага за педофилија во католичката црква во Лион

Судот од Лион нареди отворање прелиминарна истрага за „непројавување на криминално дело“ и „ставање во опасност на животот на трето лице“ против повеќе високи раководители на католичката црква од Лион за дело педофилија на еден свештеник во период меѓу 1970 и 1991 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Меѓу лицата кои се опфатени со истрагата се наоѓаат тројца кардинали Филип Барабариан, кардиналот Милер и уште еден кардинал од Рим. Асоцијацијата на жртвите „Слободен збор“ предводена од Бернар Рејнар им забележува на високите црковни органи дека ја прикривале аферата иако биле запознати со сексуланите агресии на свештеникот врз млади католички извидници. Неговите дела биле познати од црковните власти уште од 1991, но тие за тоа молчеле.
Седумдесетгодишниот свештеник од крајот на јануари е притворен и тој се гони за сексуална агресија врз најмалку тројца малолетници од извидничка група, за која се грижел цели дваесетина години во Сант-Фоа-лес-Лион. Свештеникот според француските медиуми го признал делото.
Во извидничката група на моменти имало до 400 деца и малолетници, некои од нив веќе поднеле пријави против свештеникот по што следуваше неговотот притворање, некои од делата се застарени, но некои не.
Во август минатата година црковните власти му ја одземале парохијата со која раководел свештеникот во регионот на Роан и притоа му било забрането да има контакти со млади.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
