Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 12 септември тој влегол во обложувалница на улицата „Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.
На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар „Лептокарија”, заканувајќи се со скалпелот на еден вработен, одзел 80.250 денари.
-Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира ЈОРСМ.
Ново на Сител
-
Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца
-
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства
-
Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година
-
Поголемиот дел од Скопје денеска по 22 часот ќе остане без вода, препораки од ИЈЗ за граѓаните
-
Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра