-->
-->
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-->
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението од Обвинителсвтото, при претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се движел кон домот и се обидел да и избега на полицијата, биле пронајдени 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино