Балкан
16. July 2016 - 12:47

Историјат на воени преврати во Турција

Од 1950 година, кога заврши повеќегодошното владеење на кемалиситчката Републиканска народна партија (ЦХП), па до синоќа, турската армија во три наврати интервенираше на политичката сцена на Турција со изведување на воени удари и соборување на демократски избраните влади.

Првиот воен удар е извршен во мај 1960 година, кога Армијата под водство на генарлот Кемал Ѓурсел ја урна Владата на првиот демократски избран премиер на Турција, Аднан Мандерес.

Демократската партија (ДП) на Мендерес на изборите во 1950 година ја победи дотогаш владејачката ЦХП, по што дојде до промена на власта.

По воениот удар во 1960 година Мендерес беше осуден на смрт од страна на воената хунта и обесен.

Следната 1961 година е донесен нов Устав на земјата, со што се поставени темелите на „втората репубилика“, во која е зачувана традицијата на основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк. 

Вториот воен удар во Турција е извршен во март 1971 година, кога војската, предводена од генералот Мемдух Тагмаџ, интевенираше со цел да стави крај на внатрешните немири кои ја потресуваа земјата.

Под притисок на армискиот врв, тогашниот премиер Сулејман Демирел поднесе оставка, а водачите на пучот му уаптија ултиматум на шефот на државата Џевдет Сунај за негова смена.

По овој преврат, во следните години владите не успеаја во голема мерка да ја стабилизираат политичката состојба во земјата, а во исто време дојде и до зајакнување на верскиот и националистичкиот екстремизам. Од тој период датира организацијата Сиви волци, воено крило на екстремната националистичка Партија на нациналното движење (МХП), чии припадници вршеа ликвидации на привразниците на левицата, чии групи возвраќаа со политички атентати врз десничарските активисти. Се смета дека во политички мотивираните атентати во текот на 70-години на минатиот век, во Туција биле убиени над 5.000 лица.

Во септември 1979 по налог на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Кенан Еврен, армискиот врз изработи извештај за состојбата во земјата, во кој е вметната и препорака за уривање на тогашната Влада на Булент Еџевит од редовите на ЦХП.  

Два месеци подоцна формирана е нова Влада предводена од лидерот на Паријата на правдата, Сулејман Демирел, кој во 1971 година беше сменет од премиерската функција со вториот воен удар.    

На 1 јануари 1980, генерал Еврен се обрати до нацијата со барање да се формира коалициска влада, која ќе донесе „пакет антитерориситчки закони“, со кои би им се дале поголеми овластувања на безбедносните структури со цел стабилизација на состојбата во земјата.

Еврен објави и листа со 60 барање на Армијата, кои Демирел ги прифати, но нивното спроведување беша блокирано од страна на Парламентот.

По ова, на 12 септември 1980 година, турската Армија го изврши третиот воен удар, при кој армиските сили ги зазедоа сите важни државни институции и ја урнаа Владата на Демирел.

Во следните недели по превратот армијата приведе околу 500.000 луѓе, од кои речиси половина беа судени, при што на 50 од нив им беа изречени смртни казни. Меѓу уапсените беа и дотогашниот премиер Демирел, како и лидерите на двете други големи партии Еџевит и Неџметин Ербакан.   

Во 1982 година воената хунта со декрет донесе нов Устав на земјата, со кој беше возобновена демократијата, но беше задржано силното влијание на Армијата во државните институции. Хуната распиша парламентарани избори за следната година, по кои беше избрана нова Влада предводена од Тургут Озал од конзервативната Татковинска партија (АНАП).

Но, во 1996 година на чело на турската Влада дојде првиот премиер -исламисти Неџметим Ербакан од Партијата на благосостојбата (РП), чии кандидати за градоначалници на локланите избори победија во 30-тина поголеми градови. 

Иако, официјално не изврши нов воен удар, Армијата во 1997 година го присили Ербакан да се повлече од функцијата, а неговата партија беше забранета.