Бизнис
6. March 2018 - 19:53

Источно планскиот регион аплицира со 4 проекти за подобри услуги на граѓаните

Источно планскиот регион аплицираше со 4 проекти за 22, 5 милиони денари од Бирото за регионален развој. Првите луѓе на 11-те општини, за подобрување на услугите кон граѓаните сметаат и на средствата од Швајцарската агенција за развој и соработка, кои вкупно за сите 8 региони се во висина од 800 000 швајцарски франци.

-Нас ни припаѓаат нешто повеќе од 11 %, односно, околу 100 000 швајцарски франци, кои оваа година се наменети за инфраструктурни проекти и за меки мерки –изјави Николчо Илијев , претседател на ИПР и градоначалник на Кочани

Многу повеќе финансии очекуваат од ИПА програмата за прекугранична соработка со Р. Бугарија, за што веќе се воспоставени партнерски врски.

-Мислам дека овде нашите шанси се поголеми и мислам дека секоја општина, како и ИПР се спремни да „истрчаме“ со повеќе проекти-додаде Илијев

Повикот за аплицирање со проекти за прекугранична соработка е отворен од 9 февруари и ќе трае 90 дена.