Испраќање на контингент на АРМ на вежба „Saber Guardian 2017“
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува на испраќањето на контингент на АРМ во рамки на мултинационалната вежба „Saber Guardian 2017“.
На свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, освен министерката предвидено е да се обратат и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Вежбата „Saber Guardian 2017“ се одржува од 23 јуни до 26 јули во Романија, Унгарија и Бугарија, а вклучува над 25.000 припадници на вооружените сили од над 20 земји на НАТО и земји-партнери и претставува најголема вежба во Црноморскиот регион годинава. Вежбата е организирана и предводена од Армијата на САД во Европа.
Република Македонија ќе учествува со вкупно 71 припадник распоредени во Романија и Унгарија. Дел од оваа вежба ќе бидат припадниците на инженерискиот баталјон, Воената полиција, Баталјонот за специјални намени и Балканските медицински наменски сили. Дел од вежбата ќе бидат и девет припадници на Балканските медицински наменски сили, организација чиј дел е Македонија и чие седиште е сместено во Скопје.
Целта на вежбата е да се покаже подготвеноста на припадниците на земјите – учеснички за одговор на едно поголемо сценарио кое вклучува компјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања.
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати