-->
-->
Исповед на таткото и бабата на монструмот од Крим: Со него понекогаш беше невозможно да се зборува, немаше ниту еден пријател
-->

Неговиот татко, чие име не е објавено, рекол во полиција дека со Владислав било многу тешко да се комуницира.
Родителите на Владислав одамна се разведени, а тамошните медиуми наведуваат дека неговиот татко е хендикепиран. Изворот од полицијата вели дека таткото на убиецот на сослушувањето рекол дека неговиот син практично немал пријатели. Како што рекол, имал во детството само еден пријател, но тоа пријателство прекинало.
Тој рекол дека неговиот син никогаш не се пожалил, ниту пак кажал дали има проблеми во училиште. Тој исто така рекол дека Владислав воопшто не бил комуникативен.
Неговата баба исто изјавила дека внукот не се жалел на ништо и додава дека кај неа кога доаѓал седел многу малку.
- Знаете со него никогаш не беше возможно да се зборува, тој е тивок тип, рекла таа.
Според нејзините зборови, Владислав убаво се согласувал со родителите. На прашањето на новинарите дали во последно време покажувал нагли промени на расположението или некаква агресија, таа изјавила:
- Не, ништо слично. Не можев ни да се посомневам дека е подготвен на нешто толку ужасно, рекла бабата.
Инаку, мајката на Владислав е медицинска сестра и таа ги згрижува учениците кои биле повредени во нападот кој го изврши нејзиниот син.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми