Македонија
25. March 2025 - 14:12

Приведен малолетник од Куманово поради кражба

Малолетник од Куманово во текот на вчерашниот ден бил приведен поради кражба, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР - Куманово лишиле од слобода малолетник поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во градот, одзел повеќе предмети, појаснуваат од МВР.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат, против него ќе следува соодветна пријава.