Исчистена дивата депонија кај Трајаново трло во Кочани
Механизација од КЈП„Водовод“ во соработка со општина Кочани денеска спроведе акција за чистење на дивата депонија од градежен шут и смет кај населбата Трајаново трло.
Од Одделението за комунални работи на општина Кочани истакнуваат дека депонијата е стара 11 години и на неа несовесните граѓани најчесто во ноќните часови непречено депонираат шут и друг вид на одпад. Реакцијата на граѓаните за еколошки загадената околина конечно се реализира и деопонијата сега е исчистена и подготвена на нејзино место да никне парк со зеленило.
Инаку од Одделението за за комунални дејности истакнуваат дека комунален и градежен шут се собира на градската депонија над селото Бели на патот кон Пониква. За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од општината најавуваат казнени санкции.
Ново на Сител
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците