-->
-->
Ирска: Дозволена продажба на алкохолни пијалаци на Велики петок
-->

Првпат во последните 90 години дозволена е продажба и точење алкохолни пијалаци на Велики петок по Грегоријанскиот календар.
Пред отворањето на пабовите, голем број Ирци веќе чекаа во редови.
Законот од 1927 година, кој е веќе поништен, досега забрануваше точење и продажба на алкохолни пијалаци на Велики петок, Божик и Денот на Свети Патрик.
Федерацијата на винари ја поздрави дозволата за продажба на алкохолни пијалаци на Велики петок, велејќи дека со тоа ирските бизнисмени ќе заработат дополнителни 40 милиони евра.
- Забраната за продажба на алкохолни пијалаци на Велики петок е од друга ера и сосема со право е испратена во страниците на историјата, изјави извршниот директор на Федерацијата на винари, Падрејг Крибен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што ќе значи политичката ситуација во Бугарија во дијалогот со Македонија?
-

Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Обвинетите пречекани со ликот на жртвите од Пулс - родителите гневни што никој не чувствува вина
-

Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ, проблем е застарениот систем на УЈП
-

Обвинетите пречекани со ликот на жртвите од Пулс - родителите гневни што никој не чувствува вина
-

Кривична пријава против Костадинов за проектот со електричните автобуси
-

Мицкоски најави партиско освежување по Конгресот во сабота, владина реконструкција на пролет
-

Чучуљ е на чело на Антикорупциска - вети отчетност и транспарентност
