Иранскиот Парламент го изгласа нуклеарниот договор
Иранскиот Парламент денеска го усвои историскиот нуклеарен договор постигнат со светските сили, со што заврши дебатата во Иран за тој документ и е отворен патот за негова формална примена.
„За“ Договорот гласаа 161 пратеник, „против“ се изјаснија 59, а 13 не гласаа, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Парламентот, исто така, изгласа дека инспекторите на меѓународната заедница ќе имаат само ограничен пристап до воените локации во Иран.
Договорот што на 14 јули, по повеќегодишни преговори, беше постигнат меѓу Техеран и претставниците на шесте светски сили предвидува укинување на санкциите за Иран во замена за ограничување на иранските нуклеарни активности.
Советот за безбедност на Обединетите нации од 2006 до 2015 година усвои седум резолуции со кои од Техеран се бара да престане да произведува збогатен ураниум, кој може да се користи за цивилни потреби, но и за производство на нуклеарни бомби.
Иран тврди дека нуклеарната програма е исклучиво за цивилни цели односно за производство на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност