Ирански генерал се закани со нов ракетен напад врз Израел
Високиот ирански бригаден генерал Амир Али Хаџизаде, командант на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, му се закани на непријателот на Техеран, Израел со нов масивен ракетен напад, јави ДПА.
Според државните медиуми, тој ја дал острата изјава на настан во Техеран вчера.
Пред неколку месеци, Иран и Израел беа на работ на голема регионална војна. На 13 април годинава Револуционерната гарда истрела стотици беспилотни летала и ракети врз Израел, потсетува ДПА.
Ова се случи по наводниот израелски напад врз комплексот на Иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск, во кој на почетокот на април беа убиени двајца генерали.
Сега Хаџизаде изјави дека се надева на можност за втора ваква операција. „Не знам колку проектили ќе бидат потребни“, додаде тој.
Заканата најверојатно е поврзана со неодамнешните тензии меѓу Израел и Либан.
Во текот на викендот, мисијата на Иран во ОН се закани со „уништувачка војна“ во случај на ескалација меѓу Израел и Хезболах.
Ново на Сител
-
Селимоски го засилува амбициозниот тим на Стрипфинг
-
Голманот кој стана прв министер за спорт | Борко Ристовски | Неформално | Sitel Podcast 052
-
Зголемено движење на возила на Табановце
-
Активни уште две жаришта од големиот пожар на Огражден
-
Четворица малолетници пронајдени во бесознание во куќа во Скопје - итно пренесени на Токсикологија
-
СВР Скопје: 24 годишното момче од Ченто се самозапалило, но никој не го принудил, ниту бил киднапиран
-
Балансерот ќе биде укинат, во Министерството за администрација 43% од вработените се од етничките заедници
-
Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско