Свет
24. January 2016 - 12:33

Иран ќе потпише договор за купување на 114 Ербаси

По подигањето на меѓународните санкции против Иран, Техеран најави дека идната недела ќе потпише договор за купување на 114 авиони од марката Ербас, што е прв договор на европскиот конзорциум Ербас со Иран.  Договорот е вреден повеќе од 10 милијарди евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Потпишувањето на договорот се очекува на 27 јануари во Париз, при посетата на претседателот на Иран Хасан Рохани. Најавата за договорот ја даде лично иранскиот министер Абас Акунди, кој беше пренесен денеска од иранските медиуми;

- За време на посетата на претседателот на Франција ќе биде потпишан договор за купување на 114 Ербаси, изјави Абас Акхунди, без притоа да каже за кои модели на Ербас станува збор, како и висината и времетраењето на договорот.

Ова е прва комерцијална најава од големи размери по подигањето на меѓународните санкции по влегувањето во сила на договорот за иранската нукеларна политика склучен со големите сили.

Претседателот Рохани, утре, понеделник, прво ќе ја посети Италија, потоа Франција, при неговата прва официјална посета на Европа. Тој требаше да допатува во Европа во ноември, но патувањето беше откажано поради атентатите во Париз на 13 ноември.

- Ние имаме потреба од 400 авиони со среден и долг долет и 100 авиони со краток долет,  вели министерот за транспорт на Иран.

Иранското цивилно воздохупловство сега поседува 256 авиони, од кои само 150 се оперативни, со просечна старост од 20 години.