Иран ќе изгради бродови на нуклеарен погон како одговор на санкциите на САД
Претседателот на Иран Хасан Рохани им нареди денеска на иранските научници да започнат изградба на бродови на нуклеарен погон како одговор на најавеното продолжување на американските санкиции.
Во соопштението на Рохани, тој ја критикува одлуката на американскиот Сенат за продолжување на Законот за санкциите за Иран (ИСА) во период од десет години, како кршење на нуклеарниот договор кој минатата година беше постигнат меѓу Техеран и шест светски сили.
Рохани наведе дека исто така му наложил на иранското Министерство за надворешни работи да подготви правна тужба за Меѓународниот комитет кој е задолжен за надгледување на почитувањето на нуклеарниот договор.
Според тој договор од јули 2015 година, светските сили се согласија да ги укинат меѓународните санкции во Иран во замена за прекин на неговата нуклеарна програма.
ИСА е за прв пат усвоен во 1996 година како казнена мерка за инвестирање во енергетската индустрија на Иран и спречување на Техеран во намерите за снабдување за нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец