Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат границата меѓу Иран и Авганистан.
Советот за национална безбедност стави на располагање околу три милијарди евра. Иранската армија треба да го обезбеди тој дел од границата во следните три години. Според иранска државна новинска агенција, задачата е логистички да се подготви ѕид со бодликава жица во провинциите Северен Хорасан, Разави Хорасан и Јужен Хорасан.
Границата на Иран со Авганистан е долга 950 километри. Во дел таа поминува низ непроодни планини и е тешко достапна. Луѓето од Авганистан бегаат од четириесетгодишната војна, сиромаштијата и (сегашните) талибански власти.
Ново на Сител
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
