Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина

Полскиот премиер Доналд Туск пред заминувањето од Брисел за Варшава по завршувањето на самитот на ЕУ, изјави дека дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина, објави полската национална телевизија.
„Европа има се поголем проблем со Орбан“, рече Туск.
На самитот на ЕУ во Брисел, 25 земји-членки, без Унгарија и Словачка, ги поддржаа заклучоците за прашањето за натамошна помош за Украина. Сепак, без едногласност, помошта на ЕУ за Киев во износ од 90 милијарди евра беше блокирана.
Пред да полета за Варшава, Туск нагласи дека не било можно да се убеди унгарскиот премиер да ја поддржи помошта за Украина. Туск истакна дека „од полска и европска гледна точка, помошта за Украина е, пред сè, шанса да се запре Русија и нејзината агресија во Украина“.
„Чиновниците во Брисел ќе бараат други начини, но тоа не е лесно. Токму ова е прашањето за кое е потребна едногласност за промена на финансиската рамка. И затоа Европа има сè поголем проблем со Орбан. Многу е важно во одбранбените приоритети на ЕУ директно да се спомене источниот дел или нашата граница, додаде полскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
