-->
-->
Ирак се жали до ОН поради турските војници, Ердоган не попушта
-->

Ирачкиот премиер Хајдер Абади побара од Министерството за надворешни работи да упати до Советот за безбедност на ОН официјална жалба поради навлегувањето на турски војници во северниот дел од неговата држава.
Абади побарал од СБ да и нареди на Турција итно да ги повлече своите сили од Ирак.
Истовремено, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повтори дека Турција нема да ги повлече своите сили и покрај приговорите од Багдад.
- Распоредените војници не учествуваат во борби туку се заштита за војниците кои обучуваат ирачки и курдски сили, нагласи Ердоган. гт/зш/18:10
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
