Ирачката армија воспостави контрола врз Киркук, пешмергите и цивилите го напуштаат градот
Ирачките владини сили влегоа во централните делови на Киркук откако ја презедоа контрола од курдските борци во клучните делови од градот.
Ирачката армија соопшти дека Багдад презел целосна контрола врз Киркук, а курдските борци, познати како пешмерги ја напуштаат позицијата пред аеродромот. Од градот заминуваат и цивилите.
Според неименуван претставник на Ирачки Курдистан покренат е голем напад од повеќе правци на Киркук, а во јужниот дел од градот има голем број жртви.
- И покрај операцијата на ирачката армија за заземање на регионот, производството на нафта и природен гас се одвива нормално во покраината Киркук и Ирачки Курдистан, соопшти ирачкото Министерство за нафта.
Неименуван извор изјави дека „има договор со дел од курдските лидери постројките за производство на нафта и гас да не се мешаат во конфликтот“.
Ирачката државна телевизија јави дека Владата презеле контрола врз големи подрачја во покраината Киркук во Ирачки Курдистан, а регионалната Влада демантираше.
- Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади издаде наредба да се обезбеди Киркук во соработка со народот од градот и со пешмергите. Во операцијата за обезбедување на Киркук учествуваат и американски сили, кои ги зазедоа курдските воени позиции и нафтените полиња, јави ирачката телевизија.
Американското Министерство за одбрана инсистира ирачките и курдските сили да се воздржат од понатамошна ескалација на судирот.
Претходно, ал Абади изјави дека напредувањето на владините сили во Киркук има за цел да ја спречи „заканата од поделба", со која се соочува земјата по одржувањето на референдумот за независност во северниот автономен регион Курдистан. Според него воспоставувањето на контрола врз провинцијата Киркук е поради тоа што курдските власти одбиле да ги поништат резултатите од „едностраниот" референдум.
Ново на Сител
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт