-->
-->
Интервју со косоварот кој го закачи знамето: Оваа територија е наша
-->
По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција (ИНА) Ilirya News Agency, направи интервјуто со еден од четворицата албанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.
- Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме. – вели Прекоцај за ИНА и додава дека на Самоиловата тврдина вакво време се веело во времето на Скендербег.
Новинар: Како се чувствувате сега после оваа одлука на истражниот судија која е навистина драконска за еден ваков прекршок изречена е казна од 1100 евра и е наложено парите да ги платите веднаш за да биде ослободени во неработен ден кога не работаат институциите, но благодарение на нашиот адвокат Ардиан Демири оваа работа е завршена и сега ќе ве испратиме за дома?
Прекоцај: И плус ми забранија 5 години влез во Северна Македонија, но оваа е наша земја и нема да застанеме. Му се заблагодарувам на пријателот Шпетим Положани кој ми помогна бидејќи можеше да има и поголеми последици за мене. Исто така му се заблагодарувам на адвокатот Ардиан Демири. Многу ви се заблагодарувам и ние ќе продолжиме за оваа арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастиоти, за обединување на албанците каде и да се по светот и со територии и со мисли и никогаш нема да застанеме.
Новинар: Мислам дека оваа административна мерка не ви го расипа расположението и задоволството?
Прекоцај: Не, јас сум уште посреќен им кажав таму им реков дека јас сум албанец и оваа земја е на Ѓерѓ Кастриот им реков. Можеби не им се допаднало но јас ја кажав реалноста не знам како инаку да зборам и тоа е. Многу ви благодарам. Јас сум малку под притисок под емоции од целата ситуација но се чуствувам многу среќен и горд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност
-
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
-
Вработен во транзитниот центар Табановце бил нападнат од мигрант
-
Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница
-
Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
-
Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
-
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова