Интерпелацијата на Оливер Спасовски не помина во Собранието
Собранието на Република Македонија синоќа со 59 гласа „против“, 20 гласа „за“ и без воздржани не ја изгласа поднесената интерпелација од опозицијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Дебатата се водеше во насока на спротивставување на ставовите меѓу власта и опозицијата за квалитетот на работата на министерот Спасовски, колку тој е компетентен и одговара на предизвиците со кои се соочува во Министерството.
Во интерпелацијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Спасовски за несовесното, нестручното и селективното работење. Според нив, непрофесионалното работење на МВР довело до скандали, корупција, a како што посочија, граѓаните биле жртви на грабежи, обиди за убиства, рекетирања и насилства.
Опозицијата го обвини Спасовски за незаконски тендери за возила во МВР, за непотизам, за селективно апсење на членови на ВМРО-ДПМНЕ и на неистомисленици.
Власта е на став дека Спасовски е професионалец, кој посветено ги исполнува своите обврски како министер за внатрешни работи.
Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема ден, а да не помине без скандал во МВР, зголемена е и корупцијата, а граѓаните не се чувствуваат безбедни. Посочи дека еден од најголемите скандали во Министерството е прислушувањето на обвинителите.
Министерот Спасовски рече дека доволно полемизирале со пратениците околу аргументите во делот на интерпелацијата. Тој и реплицираше на опозицијата дека за нив најдобро било времето кога Груевски бил на власт, и кога беспоговорно само гласале за криминалот.
– Јас овој мандат го добив од Собранието и ќе бидам тука додека тоа Собрание одлучи. Имате шанса да завршите и изгласате интерпелација, а ако не ќе мора да ме трпите се додека за тоа не одлучи Собранието, им порача Спасовски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата по интерпелацијата на Спасовски почна вчера на пладне, во рамки на 86-та седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери даде три паузи за време на расправата.
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот