Живот
13. February 2018 - 9:55

Интернетот ги уништува моралот и психата

Рускиот Нобеловeц Жорес Алферов повика итно да се ограничи пристапот до интернет, затоа што постојаниот доток на информации „ги оштетува моралните норми и менталното здравје на луѓето“.

- Интернетот мора да има граници и не смее да биде достапен за сите. Недоволната контрола и рестрикција на интернет може да влијае на човечкото однесување и да го „оштети" општо-прифатениот морал, рече Алферов за „Росискаја Газета“.

Оваа негова изјава е реакција на истражување кое покажува дека две третини од полнолетните Руси имаат профил на социјалните мрежи, а половина од населението секојдневно го ажурира својот „статус“.

Најпопуларни социјални мрежи во Русија се Вконтакте и Однокласники. Инстаграм е на трето место.

Тој не очекува судир на човечката и вештачка интелигенција, но и дека не треба безрезервно да им се верува на машините.

Инаку, Алферов е светски признат физичар, член на Руската академија на науките и добитник на Нобеловата награда за физика во 2000 година.

Тој исто така е и пратеник во руската Дума, од редовите на најголемата опозициска Комунистичка партија.