СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
На 01.04.2025 во 23.20 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М. (37) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.М. управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 02.04.2025 во 00.20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка. Тој на 01.04.2025 во 22.10 часот на магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта . Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст